Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја и Европа влегле во состојба на „воена економија“. Макрон посочи дека по руската воена операција во Украина во февруари годинава, Франција „влегла во состојба на воена економија во која ќе остане уште долго време“.

Говорејќи на отворањето на „Eurosatory 2022“, меѓународниот саем за трговија со оружје во Париз, Макрон истакна дека побарал од министерот за одбрана и началникот на Генералштабот во следните недели да ги разгледаат законите за воената програма во контекст на актуелната геополитичка ситуација.

Францускиот претседател повика и на натамошно зајакнување на европската одбранбена индустрија.

Макрон истакна дека европската одбранбена индустрија и технолошката инфраструктура треба да се зајакнат и да се направат посилни и поконкурентни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.