„Голема карта на поделба на Европа според културно-просторни критериуми“ сподели на Твитер луксембуршкиот политиколог Флоријан Бибер со коментар дека ја цени „германската прецизност“, но дека идејата може да повлече јасни граници меѓу културните области.
Се предлага да се подели континентот на Западна, Северна, Јужна, Централна, Југоисточна и Источна Европа, со територијата на неколку земји да се протега на неколку региони.
Така, според картата, северниот дел на Србија, односно поголемиот дел од Војводина, би припаѓал на Централна Европа, а Македонија на Југоисточна.
Авторот на картата е Постојаниот комитет за географски имиња (StAGN), тело кое се занимава со стандардизација на географските имиња на германскиот јазик. Тоа е независен академски комитет без суверени функции, а во него членуваат научници од Германија, Австрија, Швајцарија и други земји од германско говорно подрачје.
Поделбата била инспирирана од работата на австрискиот истражувач Питер Џордан, кој сакал да создаде модел на културни простори што „ги исклучува националните и политичките фактори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.