Француската влада во понеделникот соопшти дека склучила договор со големите трговци на мало за ограничување на многу цени на храната, во обид да ги олесни инфлаторните притисоци за потрошувачите, пренесе АФП.

Малопродажните групи ќе ги намалат цените за широк спектар на прехранбени производи, а изборот ќе биде нивни.

Трговците на мало се согласија да ги сносат трошоците за иницијативата.

Инфлацијата на храната беше 14,5 отсто во февруари на годишно ниво, според националниот институт за статистика ИНСЕЕ.

Некои здруженија на потрошувачи, исто така, беа скептични за „антиинфлациската“ иницијативата, која доаѓа во пресрет на уште еден ден масовен протест и штрајк против плановите на владата да го реформира пензискиот систем во Франција.

Владата ќе започне со тестирање на системот за „чек на храна“ за семејства со ниски приходи во текот на следните месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.