Американското Министерство за финансии соопшти дека го казнува Мајкрософт со 3,3 милиони долари поради кршење на неколку пакети санкции што ги има наметнато државата.

Мајкрософт ќе плати казни за повеќе од 1.300 прекршувања на санкциите наметнати од САД на Куба, Иран, Сирија и Русија. Прекршувањата вклучуваат извоз на услуги и софтвер, соопшти американското Министерство за финансии.

Компнаијата ги прекршила санкциите во периодот од 2012 до 2019 година, во повеќето случаи продавајќи услуги и софтвер на руски правни и физички лица на Крим. Санкциите беа прекршени, меѓу другото, затоа што не беа собрани сите или точни информации за идентитетот на крајните клиенти на производите на Мајкрософт, соопшти Министерството за финансии, предупредувајќи на слабости во процесот на проверка на Мајкрософт.

Министерството за финансии на САД забележува дека Мајкрософт соработувал при истрагата и дека признал дека ги прекршил правилата.

Од компанијата нагласија дека соработувале во истрагата и додаваат дека се задоволни од спогодбата.

Мајкрософт многу сериозно ја сфаќа контролата на извозот и почитувањето на санкциите и затоа, откако дознавме за пропустите и прекршувањата на неколку вработени во процедурите за верификација, доброволно го пријавивме тоа кај властите“, изјави портпаролот на софтверскиот гигант.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.