Откако минатиот понеделник ги уби двете свои ќерки во Абсдорф, Австрија, 36-годишната мајка, инаку медицинска сестра и логопед, ги шокираше дури и криминалистите со своите монструозни изјави, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“ за жената која ги удави нејзините две девојчиња на возраст од 7 месеци и 7 години во базенот во дворот на семејната куќа.

Додека ги опишува убиствата, мајката се однесува како да е мртва, а нејзините очи зјапаат во вселената, пренесува магазинот Феникс.

Откако ги удавила, според нејзините зборови, почувствувала спасение, а објаснила и дека „давењето се случило доста брзо“.

Децата беа смислата на мојот живот, наводно повторувала одново и одново во ќелијата на одделот за судска психијатрија.

Страшното злосторство кое го извршила полудената и наводно ментално болна мајка, било снимено со видео камерата поставена во семејната куќа.

Откако ги убила, 36-годишната жена ги извадила децата од базенот, ги завиткала во крпи и ги однела во креветчињата. Потоа преку WhatsApp му испратила порака на својот сопруг: „За жал, не успеав“. Кога сопругот се обидел да ја добие на мобилниот телефон, таа веќе влегла во автомобилот и се забила во дрво, со намера да си го одземе животот.

Мајката наводно боледувала од постпородилна депресија и била на психијатриско лекување.

Нејзиниот чин ми е целосно неразбирлив. Претпоставувам дека во овој случај се работи за акутна ментална болест. Во ќелијата постојано мрмори дека ништо нема никаква смисла затоа што светот е бездно лош, вели адвокатот на убиецот.

Австриските медиуми јавуваат дека мајката освен психички проблеми имала и сериозни финансиски проблеми со враќањето на кредитот за изградбата на куќа со базен и уредувањето на приватна амбуланта за логопед во рамките на куќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.