Белорускиот претседател Александар Лукашенко го оцени како глупост тврдењето дека е подготвен да ја нападне Украина.
Слушајте, тоа никогаш не ми требаше, не ми треба ниту сега. Но она што украинските власти го прават против Белорусија е вон памет – рече Лукашенко на средбата со украинскиот политичар Александар Мороз, пренесоа агенциите.
Зборувајќи за тоа кога руските војници ќе бидат повлечени од Белорусија, каде што се водат заеднички воени вежби, Лукашенко рече дека Американците префрлаат илјадници војници на границата со Белорусија, директно во Полска и балтичките земји.
Британците и другите европски земји ги префрлаат своите вооружени сили. Разумното прашање е: кога ќе ги извлечете одовде? – рече Лукашенко.
Тој посочи дека западните земји не зборуваат за тоа, туку вршат притисок врз Белорусија.
Изјави дека руските војници ќе се повлечат од Белорусија кога ќе се донесе одлука со претседателот на Русија и кога ќе завршат вежбите.
Ние ќе носиме одлуки, ова е наша територија – нагласи Лукашенко.
Во Белорусија во тек е заедничка руско-белоруска воена вежба, во услови на ескалација на тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.