Една недела по стапувањето во сила на Законот за задолжителна вакцинација, под голем притисок на гувернерите на провинциите, австрискиот канцелар Карл Нехамер првпат најави можност за отстапување од оваа мерка.

Тој за весникот „Кронен цајтунг“ изјави дека не ја исклучува можноста за укинување на Законот за задолжителна вакцинација.

Доколку експертите на комисијата што треба да ја именува Владата, одлучат да ја стават вон сила задолжителната вакцинација, тоа ќе го слушнеме – рече тој.

Нехамер рече дека законот постојано се анализира, а тоа го бараат гувернерите на провинциите.

Се додека експертите велат дека вакцината е клучна алатка, задолжителната вакцинација останува на сила. Меѓутоа, доколку и предложат на владата да го укине законот, тоа ќе биде направено – објасни тој.

Сè уште не е формирана комисијата на експерти што ја споменува Нехамер.

Тој подвлече дека задолжителната вакцинација е совршена алатка, како и дека Законот е добро подготвен и може флексибилно да реагира на секоја ситуација.

Затоа решивме да формираме експертска комисија како советодавно тело, со цел постојано да се анализира усогласеноста со Уставот и дали мерката е сè уште неопходна, особено дали вакцинацијата е вистинската алатка во борбата против вирусот – рече тој.

Во Долна Австрија, експертите предупредуваат на „бран во бран“.

Австриската министерка за економија Маргарете Шрамбек повика на укинување на бесплатните тестови за корона вирус.

Шрамбек е првиот член на австриската влада што се изјасни против бесплатното тестирање, кое досега беше инструмент за контрола на епидемиолошката ситуација.

Бесплатните тестови од почетокот на пандемијата скапо ја чинеа австриската држава, особено ако се има предвид дека невакцинираните мора да имаат негативен тест за да одат на работа или да користат одредени услуги, а вакцинираните не мора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.