Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпишал указ за повикување резервни офицери во воена служба, соопшти неговата прес-служба.
Документот предвидува во 2023 година во вооружените сили да бидат регрутирани до 230 граѓани од машки пол на возраст до 27 години, а во службата за гранична стража до 20 лица кои ги завршиле соодветните програми за обука на резервни офицери во воените оддели или факултети, имаат воен стаж офицер и се запишани во резерва“, се посочува во соопштението.
Според прес-службата на Лукашенко, спроведувањето на указот „ќе го зголеми нивото на екипираност на главните офицерски должности во вооружените сили и ќе обезбеди квалитетна обука на мобилизациската резерва“.
Во соопштението се наведува и дека активностите предвидени во указот се спроведуваат во вооружените сили на планска основа на годишно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.