Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, се закани со воена одмазда против секој што ќе ја нападне неговата земја, во момент кога тензиите околу војната во соседна Украина продолжуваат да растат.
Зборувајќи во пресрет на Денот на независноста на Белорусија, Лукашенко порача дека им наредил на своите вооружени сили, во случај на напад врз Белорусија, да ги земат за цели „центрите на одлучување“ во западните престолнини, пренесе белоруската агенција Белта.
Не не закачајте и ние нема да ве закачаме. Доколку само се осмелат да нападнат, како што тие планираат, на југот на Гомел или нафтената рафинерија Мозир, аеродромот, пистите во Лунинец или Брест, одговорот ќе биде моментален. За една секунда! Имаме со што да одговориме – изјави Лукашенко и нагласи дека центрите се на дофат на ракетите и дека нема да гледаат кој седи во канцелариите или палатите, туку дека одговорот ќе биде недвосмислен.
Тој истакна и дека негова задача како претседател е да ја заштити земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.