Украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговар со белорускиот претседател Александар Лукашенко се договорил да разговара со руската делегација без предуслови. Разговорите ќе се одржат на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат.

Лукашенко ја презел одговорноста за безбедноста на украинската делегација. За време на патувањето, додека траат претговорите и за време на враќањето на украинската делегација, сите авиони, хеликоптери и проектили стационирани во Белорусија ќе останат приземјени.

Претходно беше објавено дека Владимир Медински, помошник на претседателот на Руската Федерација, кој ја предводи руската делегација, му ветил на Киев целосна безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.