Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Минск „целосно ја поддржува“ руската војна во Украина.

Тој говорејќи на церемонијата по повод годишнината од ослободувањето на Минск во Втората светска војна, истакна дека го поддржува нападот на Путин врз Украина „од првиот ден“.

Денес сме критикувани затоа што сме единствената земја во светот која ја поддржува Русија во нејзината борба против нацизмот. Ние ја поддржуваме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Русија – наведе Лукашенко.

Според него руската и белоруската армија „практично се обединети“.

Но, вие го знаете тоа. Ќе останеме заедно со братска Русија – истакна Лукашенко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.