Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека блорусија не планира да војува со никого, како и дека на земјата не и треба војна.

Лукашенко, при проверката на воено-индустриските производи во регионот Брест, уште еднаш ги демантираше информациите кои се шират на социјалните мрежи дека државата спроведува скриена мобилизација.

Тој порача да не се обрнува внимание на „споменатите поплаки“.

Мораме да се смириме и да си ја гледаме својата работа ако сакаме да нема војна – порача Лукашенко.

И претходно белорускиот претседател изјавуваше дека нема потреба од мобилизација.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана соопшти дека може да повика од резерва од 500.000 обучени борци доколку тоа биде потребно.

Резервистите сочинуваат околу 60 отсто од белоруската армија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.