Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во саботата наутро во близина на Фајзабад во Авганистан, соопшти Индискиот национален центар за сеизмологија.

На социјалните мрежи почнаа да се објавуваат снимки на кои се гледа како луѓе кои одат по улица како паѓаат на земја поради јачината на земјотресот.

Земјотресот се случил на длабочина од 181. километар од површината, јавува NDTV.

Засега нема информации за материјална штета или повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.