На границата на Украина и Полска, луѓе оставиja играчки за децата бегалци за да им донесе насмевка на лицата барем на кратко во овие тешки времиња.

Новинарката Дарија Сипигина на својот Твитер профил сподели фотографија од трогателната сцена.

-Полицајците на границата оставија играчки за украинските деца за секое минливо дете да може да земе играчка со себе, напиша таа.

На фотографијата можете да видите разни шарени плишани играчки и други играчки кои се внимателно поставени покрај дрвениот мост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.