Сите одлуки за американскио претседател Џо Бајден ги носат група негови долгогодишни поддржувачи, пишува „Акиос“. Според пишувањето, тие ја обезбедија изборната кампања за веќе повозрасниот претседател и на нив останува да одлучат дали Бајден евентуално ќе се повлече од претседателската трка по катастрофалната ТВ дебата со Доналд Трамп.

Сопругата на претседателот – Џил, неговата помлада сестра Валери Бајден и 85-годишниот Тед Кауфман, неговиот долгогодишен пријател и постојан советник, плус мала група пријатели од Белата куќа – тие и само тие носат одлуки за Бајден.

Тие разбираат дека дебатат беше катастрофа, но тие веруваат дека сè уште има трошка надеж за опстанок“, вели извор близок до семејството.

Сепaк, според пишувањето, водечките демократи не го делат овој оптимизам.

Сега не се работи само за семејството на Џо Бајден или за неговите емоции. Сега ова е прашање на целата наша земја. Ова е целосен хаос со кој ќе треба да се справиме. Мора да му ја кажат искрената вистина за неговата состојба. Лојалноста не треба да биде слепа“, вели еден од нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.