Две лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на балкон во ноќен клуб во мексиканскиот град Сант Луис Потоси, соопшти Државната служба за цивилна заштита на Мексико (ЦЕПЦ).

Несреќата се случила во ноќниот клуб „Рич“ во локалниот трговски центар Алтус, пишува мексиканскиот дневен весник Миленио.

Се наведува дека клубот немал соодветни дозволи за работа и оти директорот на трговскиот центар Маурицио Ордаз Флорес изјавил дека Државната служба за цивилна заштита извршила проверка на 15 март и утврдила дека клубот не ги исполнува безбедносните стандарди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.