По воведувањето на западните санкции против Русија, на голем број од руските милијардери им беше запленет имот во земјите од Западна Европа, но тоа што предизвика најголем интерес во јавноста беше запленувањето на руските суперлуксузни јахти, вредни стотици милиони долари. Јахтите на дел од милијардерите веќе се запленети, но дел се уште успеваат да ја избегнат таквата судбина. Тоа предизвикува „интересна“ игра на криенка и трка со времето и поморските правила во обидот на некои руски олигарси да ги сасат своите „миленици“.
Карактеристични примери на двата краја од оваа „игра“ се милијардерот Андреј Мелниченко кој остана без својата јахта вредна 530 милиони додека, пак, бродот на Роман Абрамовиќ, со навремена промена на локацијата, пристигна на безбедно во Црна Гора.
Ова се јахтите на руските милијардери кои, учествуваат во оваа „игра на криенка“ со западните власти.
Дилбар (Алишер Усманов)
Еден од милијадерите кои останаа без својата мегајахта е Алишер Усманов, поранешниот сопственик на Арсенал. Неговата луксузна јахта Дилбар се проценува на околу 600 милиони долари, а поради реновирање се наоѓала во бродоградилиште во Хамбург, каде што ја запленија германските власти.
На Дилбар се наоѓа еден од најголемите базени некогаш изграден на јахта, има 12 луксузни апартмани, сауна, салон за убавина и теретана. Екипажот на овој брод се состои од дури 92 члена.
SY A (Андреј Мелниченко)
И Андреј Мелниченко се најде на удар на снакциите на Западот, па на 11 март дојде соопштение на италијанската финансиска полиција дека во Трст е запленета јахтата „SY A“ вредна околу 530 милиони евра, со што таа е, веројатно, најскапата на светот.
Мелниченко е сопственик на производителот на вештачки ѓубрива „EuroChem Group“ и на компанијата за јаглен „СУЕК“.
Аморе Веро – Игор Сечин
Јахтата Аморе Веро е закотвена во француското летувалиште Ла Чиота, а француските власти ја запленија затоа што го сметаат Игор Сечин, дека е соработник на Путин кој управува со рускиот нафтен гигант Роснефт.
Јахтата била усидрена во ова француско летувалиште од 3 јануари поради поправка која требало да трае до 1 април.
Лејди М – Алексеј Мордашов
Според „Форбс“, Мордашов е вториот најбогат човек во Русија чие богатство се проценува на близу 30 милијарди долари. Тој е на чело на Северстал, најголемата руска железарница, а тој има бизниси и во рударството, телекомуникациите и медиумите.
Во моментот на заплена на оваа јахта, за милијардерот се верува дека бил на Сејшелите, откако со друга јахта испловил од Малдивите.
Соларис – Роман Абрамович
Двете суперјахти на Роман Абрамович минатата недела успеаја да „избегнат“ заплена испловувајќи во морето.
Јахтата Соларис, вредна 600 милиони долари, според податоци за следење на „MarineTraffic.com“ пловела крај италијанскиот брег и запловила во Тиват, во Црна Гора.
Бродот Соларис, кој плови под знаме на Бермудите, го напуштил пристаништето во Барселона во Шпанија, без да наведе дестинација. Суперјахтата во Шпанија била на поправка од крајот на 2021 година.
Еклипс – Роман Абрамович
Друга од јахтите на Абрамович, Еклипс, вредна 700 милиони долари, последен пат била видена како плови покрај брегот на Африка откако ги напуштила Карибите кон крајот на февруари.
Ла Дача – Олег Тинков
Јахтата Ла Дача која плови под руско знаме, последен пат е снимена укотвена во пристаништето Енсенада во Мексико на 5 март. Оваа луксузна јахта му припаѓа на рускиот милијардер Олег Тинков.
Ла Дача е брод кој има способност да разбива мраз додека плови, што го прави погоден да плови практично секаде на светот. Јахтата има две свои сопствени хеликоптери и подморница за три лица.
Олег Тринков е сопственик на дигитална банка чии акции и богатство исто така се на удар по избивањето на руско-украинскиот конфликт.
Галктика Супер Нова (The Galactica Super Nova) – Вагит Алекперов
Јахтата на милијардерот Вагит Алекперов, Галактика Супер Нова, исчезнала од радарот откако почна потерата за заплена на руските јахти.
Бродот на сопственикот на „Лукоил“ мината недела била во Порто Монтенегро во Црна Гора, но според официјални податоци испловил од црногорското пристаниште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.