Лондонскиот аеродром „Хитроу“ нареди откажување на десетици летови со кои требало да летаат околу 10.000 патници.
Откажани се 61 лет, бидејќи аеродромот во западен Лондон соопшти дека не е во состојба да прими толку многу патници.
Од авиокомпаниите е побарано да не префрлаат патници на алтернативни летови закажани за понеделник.
Неисправноста на системот за багаж на Терминалот 3 резултирал со тоа што стотици куфери не биле испорачани во текот на викендот.
„Хитроу“ им се извини на „сите оштетени патници“, но додаде дека „повеќето биле добро услужени“.
Оштетените патници немаат право на отштета од авиокомпаниите, бидејќи според официјалната класификација, причините за откажувањето се надвор од нивна контрола.
Бројот на патници кои летале низ „Хитроу“ во првата половина од годинава бил 26 милиони, шест пати повеќе отколку во истиот период во 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.