Руските трупи „целосно се повлекоа” од северна Украина, упатувајќи се северно кон Белорусија и Русија, тврди Министерството за одбрана на Велика Британија.
На редовниот утрински брифинг од британското МО е посочено дека некои од тие единици ќе бидат префрлени во источна Украина за да се борат во Донбас. Но, голем дел од капацитетите ќе треба да бидат „значително надополнети“ пред да бидат повторно распоредени на терен.
Секое масовно прераспоредување од север веројатно ќе потрае најмалку една недела- соопшти Министерството за одбрана, пренесува Би-Би-Си.
Притоа уште е посочено дека е продолжило руското гранатирање на градовите на истокот и југот на Украина, како и дека има напредок на руските трупи во јужниот дел на земјата од стратешки важниот град Изум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.