Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека оваа земја повеќе не увезува природен гас од Русија.

Литванскиот гасоводен систем работи без гас од Русија од почетокот на овој месец – соопштија од Министерството.

Како што се додава во соопштението, барањето на Русија да ја плаќа испораката на гас во рубли, за официјален Вилнус не е релевантно.

Доказ за ваквата одлука на литванското министерство се податоците на нивниот оператор на гасен систем дека на денешен ден увозот на руски гас во Литванија бил еднаков на нула.

Министерот за енергетика на Литванија, Дајниус Крејвис, наведува дека Литванија е првата земја од ЕУ меѓу земјите снабдувани од „Гаспром“ што „доби независност од снабдувањето со руски гас“, иако се уште е неизвесно колку долго тоа ќе трае.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.