По целодневна дебата за изнаоѓање заеднички пристап за спречување на зголемените цени на енергентите, лидерите на 27. членки на ЕУ се согласија да работат на доброволно заедничко купување гас и водород за да ја намалат цената во преговорите и рекоа дека платформата за купување на ЕУ ќе биде отворена и за Западен Балкан.
„Главната причина за високите цени на струјата се високите цени на гасот. Енергетскиот микс во европските земји се разликува, но ни треба заеднички европски пристап. Дури 75 отсто од глобалниот пазар на гас од гасоводи е поврзан со европскиот пазар и затоа имаме огромна куповна моќ.
Затоа, ќе ја искористиме заедничката позиција во преговорите наместо да се натпреваруваме меѓу себе и да ги зголемуваме цените“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.