Руските власти денеска објавија дека собориле четири украински ракети насочени кон анектираниот полуостров Крим, во контекст на зголемените напади од двете страни од крајот на декември.

-ПВО пресретна и уништи четири украински ракети над полуостровот Крим, соопшти руското Министерство за одбрана.

Киев, од своја страна, објави дека ја погодил воздушната база Саки на западниот дел на полуостровот.

-Аеродром Саки. Сите цели се погодени, кратко соопштија украинските власти.

Руските власти во четвртокот објавија дека одбиле напад од десет украински ракети насочени кон Крим. Во тој напад е повредено едно лице.

Во последните денови двете страни ги засилија воздушните напади, додека конфликтот трае речиси две години.

Од крајот на декември, Русија двапати бомбардираше украински градови, при што загинаа околу 60 луѓе.

Украина, од своја страна, повеќепати го гаѓаше рускиот град Белгород, на 50 километри од границата. Во тие напади загинаа 25 лица.

Поради чести напади, во Белгород беа откажани божиќните прослави и литургијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.