Тројца лекари, вклучително и двајца од Лекари без граници, беа убиени во напад врз болницата Ал-Авда во северниот дел на Газа, соопшти организацијата.

Лекарите без граници редовно им доставуваа на завојуваните страни информации за Ал Авда како функционална болница и присуството на нејзиниот персонал во Ал Авда, се вели во соопштението. „Вчера џи-пи-ес координатите беа споделени и со израелските власти“.

Загинатите лекари се д-р Махмуд Абу Нуџаила и д-р Ахмад ал-Сахар, вработени во организацијата, како и д-р Зиад ал-Татари.

Да гледате лекари како умираат до болнички кревети е повеќе од трагично и тоа мора веднаш да престане, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.