Војната во Украина предизвикува општа криза и паника низ Европа, Европејците брзаат да купуваат основни намирници, во некои земји набавките се ограничени, цените растат, а највпечатлив пример е цената на лебот во Италија.
Цените на лебот, тестенините и месото растат во Италија, која увезува голем дел од пченицата од Источна Европа и 80 отсто од сончогледовото масло од Украина, како и големи количини пченка што се користи за добиточна храна.
Во градовите од Болоња, преку Бари, до Трент, цената на лебот за килограм надминува шест евра, додека во Милано достигна осум, покажуваат податоците на националната земјоделска трговска организација Coldiretti.
За споредба, цената на лебот во Милано во ноември беше 4,25 евра.
Најевтина провинција е Неапол, каде максималната цена за килограм леб остана две евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.