Западот мора да одлучи што му е поважно – ПР на тема снабдување со храна од Украина или конкретни чекори за решавање на тој проблем, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„За ова (преминување на бродови со жито од украинските пристаништа) неопходно е украинските претставници да ги исчистат крајбрежните води што се во територијалните води, во територијалното море на Украина и кои се минирани“, рече Лавров, пренесе „Интерфакс“.

Рускиот министер за надворешни работи посочи дека доколку се реши проблемот со деминирањето, руската морнарица ќе обезбеди непречен премин на бродовите на отворено море до Средоземното Море и понатаму до нивната дестинација.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.