Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва се уште е отворена за дијалог со Европската Унија, но наместо танго, западните земји сами си играат брејкденс.

Се уште сме отворени за дијалог. Но, мора да играте танго заедно, за такво нешто се потребни двајца. Засега нашите западни партнери сами си играат брејкденс – изјави Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи истакна дека на сите им станало јасно дека НАТО повеќе не може да одлучува за судбината на цела Европа.

Фактот дека тие не можат да одлучуваат за судбината на Европа веќе им стана јасен на сите – изјави Лавров.

Рускиот министер додаде дека ОДКБ денес делува како балансен фактор за нелегитимни акции на НАТО.

Лавров повика да не се шпекулира со смртна казна за странските платеници во ДНР и потсети дека тие се осудени според законодавството на републиката, бидејќи нивните злосторства биле извршени таму, пренесе „Новости.рс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.