Главниот руски преговарач Владимир Медински, соопшти дека денеска се одржале „неколку долги разговори“ со шефот на делегацијата на Украина. Медински не даде детали за овие разговори, за кои се смета дека се водат во обид да се преговара за прекин на огнот по неколку недели војна, јави „Скај Њуз“.
Досега се одржани неколку рунди мировни преговори меѓу Москва и Киев, но двете страни допрва треба да ги договорат условите за прекин на огнот.
Во меѓувреме, се огласи и шефот на руската дипломатија, Сергеј Ллавров, кој истакна дека преговорите „тапкаат во место“.
Тапкаат во место бидејќи сè уште нема одговор на предлогот што го испративме до украинските преговарачи пред пет дена, во кој ги зедовме предвид нивните коментари – изјави Лавров на прес-конференција во Москва во друштво на казахстанскиот колега Мухтар Тлеуберди.
Рускиот министер изјави и дека се сомнева во подготвеноста на украинските лидери да продолжат со овие преговори.
За мене е многу чудно да слушам изјави секој ден (…), дури и од (украинскиот) претседател и неговите советници, кои оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори – порача Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.