Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија нема да дозволи Украина да продолжи нуклерно да се наоружува.
Третата светска војна би била нуклеарна и деструктивна, рече Лавров, додавајќи дека Русија била подготвена на санкции, но не очекувала дека цел на напади ќе бидат спортистите, новинарите и претставниците на културниот сектор.
Инаку, Кремљ денеска соопшти дека руските власти се подготвени денеска да го одржат вториот круг преговори со Украина, но не е јасно дали ќе се појават украински претставници.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека има контрадикторни информации во врска со разговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.