Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека светот е изманипулиран и дека Русија не ја нападнала Украина, туку дека тие им помагале на цивилите. Тој нагласи дека Западот користи опасни потези и дека Русија го гледа тоа.
Потезите на Западот се опасни, тоа го гледаме. Ние не ја нападнавме Украина, не планираме да нападнеме ниту други земји. Нашата безбедност е загрозена. Сакавме да разговараме, но никој не нè слушаше. Ние никому нема да ги оправдуваме нашите постапки во Украина, ниту пред НАТО. Нема да гледаме како се гради нацистичката нација во Украина. Сакаме Украина да остане неутрална, ова го кажа претседателот Путин многупати. Според она што го кажува Зеленски, тој почнува да разбира сè и затоа сме малку оптимисти “, рече Лавров по средбата со украинскиот министер за надворешни работи, Кулеба.
Лавров истакна дека работат на тоа да ја решат кризата.
„Разговаравме за хуманитарни проблеми. Објаснивме што прави Русија од своја страна за да им помогне на цивилите приведени од таканаречените доброволци. Ја потсетивме Украина дека руската страна даде конкретни предлози и убедени сме дека ќе добиеме одговор на нашите барања. Сакаме да го зачуваме мирот во Европа“, рече Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.