Со Украина имаше договор за прекин на војната, но Борис Џонсон не се согласи и побара продолжување на војната, рече во одговор на новинарско прашање рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на денешната прес конференција.

Постоеше договор и тој беше таму, во Истанбул на крајот од мај, по неколку рунди преговори. Три рунди во Белорусија и последната во Истанбул. И беше постигнат договор. Тоа го потврди и еден од учесниците во преговорите, од групата на Зеленски, Давид Рахамја, тој беше дел од делегацијата во Истанбул. Нo, Борис Џонсон дојде и рече – не, треба да продолжите со војната – рече Лавров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.