Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна, тврди рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.
Тој предупреди дека заканата од трета светска војна навистина постои и е сериозна.
Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и покрај големите ризици во овој момент, изјави Лавров за руската државна телевизија.
Околу тензиите меѓу Русија и Западот поради руската офанзива на Украина, Лавров подвлече дека „опасноста од трета светска војна е сериозна и не смееме да се потценува“.
Како што пренесуваат странските агенции, тој го обвинува украинскиот претседател Володимир Зеленски „за глумење дека преговара“.
Тој е добар глумец. Ако внимателно гледате и читате што зборува, ќе забележите илјада противречности, рече Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.