Преговорите меѓу Москва и Киев не се одвиваат без проблеми, но Русија ќе се обиде да ги постигне сите свои цели, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција по разговорот со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан.

Го информирав мојот пријател и колега за преговорите меѓу руската и украинската делегација. Тие не одат без проблеми, но ќе се обидеме да ги постигнеме сите цели на преговорите, истакна Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде дека генерално е многу задоволен од исходот на средбата со неговиот ерменски колега и му се заблагодари за соработката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.