Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот украински колега Дмитриј Кулеба ќе се сретнат во Турција, потврди руското Министерство за надворешни работи.

Ова ќе биде прва средба меѓу двајцата од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, пишува Си-Ен-Ен.

Лавров оди на меѓународен дипломатски форум во Анталија, а таму се планира неговиот контакт со Кулеб, изјави утрово портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, а јави руската државна новинска агенција РИА Новости.

Средбата ја предложи турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Засега е најавено дека средбата ќе се одржи на 10 март, додека дипломатскиот форум е закажан за 11 март.

Мировните преговори меѓу Русија и Украина досега се покажаа како предизвик, а конкретен договор се уште не е постигнат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.