Денеска, се обидуваат да ја распарчат Русија, но Русија од конфликтот ќе излезе уште посилна. Оние што се обидуваат да го контролираат светот решија повторно да го доживеат тажното искуство на Наполеон и Хитлер во нивната потрага да ја уништат Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Оние што се обидуваат да ја контролираат целата меѓународна агенда, оние што се обидуваат да ги контролираат светските економски односи и целата меѓународна политика, тие решија да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија, отворено да го преживеат тажното искуство на Наполеон и Хитлер, рече Лавров при положувањето цвеќе на спомен-плочките посветени на Денот на дипломатите.

Според него, јасно е дека Русија не само што ќе издржи туку од тој конфликт ќе излезе уште посилна и уште поуверена дека е неопходно да се градат меѓународните односи на фер и рамноправна основа, во согласност со Повелбата на ОН, пренесе „Новости.рс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.