Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека Русија се противи на можното распоредување на воена инфраструктура на САД или НАТО во земјите од Централна Азија, во соседството на Авганистан.

Лавров ја испрати ваквата порака на третиот министерски состанок на соседите на Авганистан (Русија, Кина, Иран, Пакистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан).

Според Лавров, плановите на НАТО и на САД за распоредување инфраструктура или „Авганистанци кои се во нивна служба, на територијата на соседните земји“, се спротивни на обврските што произлегуваат од статутарните документи на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКС).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.