Русија е подготвена да ги исполни своите обврски во однос на снабдувањето со храна и ѓубрива, потврди денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонски разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Потврдена е подготвеноста на Русија да продолжи да ги исполнува своите обврски во однос на извозот на храна и вештачки ѓубрива, и покрај фактот што спроведувањето на овие обврски е значително попречено од незаконските еднострани санкции на западните земји и нарушувањето на глобалните синџири на производство поради корона вирус пандемијата“, се вели на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се нагласува дека Лавров забележал дека постои расположение за ангажман во координација со ОН за намалување на заканата од избувнување на криза со храна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.