Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори со Украина и дека Москва го подготвува својот одговор на предлозите на Украина претставени на последната рунда преговори.
По средбата во Њу Делхи со неговиот индиски колега, Лавров изјави дека нема конечно одобрени планови за преговорите со Украина, но дека тие мора да продолжат.
Подготвуваме одговор. Има напредок, особено кога станува збор за признавање на неможноста Украина да биде блок-земја, неможноста Украина да бара место во Северноатлантската алијанса, ненуклеарен, не-блоковски неутрален статус – ова е она што сега се признава како апсолутна неопходност – изјави Лавров.
Според Лавров, Украина покажува разбирање за реалноста кога се во прашање Крим и Донбас.
Кога станува збор за потенцијални натамошни контакти, Лавров изјави дека тоа прашање се разработува и ќе биде соопштено кога ќе има договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.