Рускиот министер за надворешни работи го откажа патувањето во Обединетите нации во Женева поради „антируските санкции“ наметнати од земјите на ЕУ, соопшти денеска руската мисија во Женева.
Лавров, кој требаше да се обрати пред Советот за човекови права на ОН и на Конференцијата за разоружување во вторник, го откажа своето патување „поради невидена забрана за неговиот лет во воздушниот простор на голем број земји на ЕУ кои воведоа антируски санкции“, објави мисијата на Твитер.
Русија забранува летови на авиокомпании од 36 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Германија. Руската управа за цивилна авијација соопшти дека ги воведува ограничувањата „како одмаздничка мерка за забраната од европските држави за летови на цивилното воздухопловство управувано од руски авиокомпании или регистрирани во Русија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.