Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги обвини САД, Јужна Кореја и Јапонија дека се подготвуваат за војна со Северна Кореја.

Лавров на синоќешната прес-конференција во ОН истакна дека новиот воен блок околу САД ги зголемува своите активности.

Одеднаш, јужнокорејската реторика стана уште понепријателска кон Пјонгјанг, наведе Лавров, додавајќи дека „агресивна реторика“ се слуша и од Јапонија и дека Токио сериозно зборува за поставување инфраструктура на НАТО со американска помош.

Според Лавров, целта на тој воен блок е јасно изразена, тие „се подготвуваат за војна со Демократска Народна Република Кореја.

Лавров тврди дека САД и азиските сојузници исто така разговараат за развој на соработката поврзана со нуклеарни прашања.

САД, Јужна Кореја и Јапонија минатата година спроведоа заеднички поморски вежби во кои учествуваше американски носач на авиони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.