Еден Канаѓанец, заедно со своето семејство и осумте деца се преселил во рускиот регион Нижни Новгород за да изгради фарма.

Во последните петнаесет години, Аренд Феинстра (39) одгледува говеда во Канада, а поседува и фарма за козјо млеко. Пред околу две недели неговото семејство се преселило во Нижни Новгород.

Овде, во регионот Нижни Новгород, се надеваме дека ќе ја обновиме нашата семејна фарма и ќе ја зголемиме. Ќе почнеме да работиме и во малопродажба, користејќи ги сите вештини што ги научивме со текот на годините. Исто така, би сакале да создадеме дополнителни работни места и да го споделиме нашето знаење“, вели Феинстра за одлуката да ја напуштата Канада и да се преселат во Русија.

На прашањето зошто го избрал регионот Нижни Новгород, Феинстра вели дека тоа е „одлично место за одгледување деца во традиционална култура“.

Се чувствуваме безбедни во регионот Нижни Новгород. Тука има и доволно земја за земјоделство и за офгледување стока“, додава Канаѓанецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.