Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека руската цел е да се ослободат од нацистичките елементи во Украина, потврдувајќи дека денеска треба да има нова средба украинските и руските преговарачи.
Лавров, на прес-конференција на која присуствуваа и странски новинари, додаде дека преговорите може да се водат „под услов на рамноправност“.
Сигурен сум дека нашите партнери од Западот ќе успеат да смират заканите и ќе сакаат да најдеме решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност, а Западот постојано се обидува да ни ја наметне сопствената слика за иднината на Европа – порача Лавров.
На прес-конференцијата Лавров ги спореди САД со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, која сакал да ја контролира цела Европа.
Америка им диктира на Германците што е добро, а што не за европската енергетска безбедност. Тие велат дека на Германците не им треба гасоводот Северен тек 2 и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколку пати поскапа.
Наполеон и Хитлер имаа за цел да ја стават цела Европа под своја контрола, а сега Американците сакаат да го направат тоа.
Во филмовите имате слика за апсолутно зло и апсолутно добро. Глобалната слика што се форсира е слична. Верувам дека хистеријата ќе престане – порача Лавров на прес-конференцијата на која одговараше и на прашања од странски новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.