Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека шефот на државата, Володимир Зеленски, е подготвен за средба со неговиот руски колега Владимир Путин.
Доколку рускиот лидер покаже подготвеност, тие можат да се сретнат уште утре, задутре, буквално. Зеленски е подготвен за таа средба. Неговиот став е јасен, формиран за сите прашања и Украина е подготвена за овие преговори, изјави Кулеба за весникот „Украинска правда“.
Тој додаде дека многу земји нудат, или се натпреваруваат, да бидат домаќини на овој состанок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.