Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, повика на бојкот на продавниците синџирот супермаркети „Ошан“, бидејќи француската групација која е сопственик на тие супермаркети ги продолжува своите активности во Русија.
Очигледно, загубата на бизнисот во Русија е поважна од мртвите во Украина“, напиша Кулеба на Твитер.
Кулеба порача дека „Ошан“ треба да се бојкотира, ако тој синџир супермаркети го игнорира фактот дека за време на руската инвазија биле убиени 139 украински деца.
„Ошан“ има 231 продавница во Русија, со обрт од 3,2 милијарди евра, што е повеќе од 10% од глобалната активност на тој ланец. Кулеба апелираше и за бојкот на другите продавници, кои, како и „Ошан“, се во сопственост на француската групација „АФМ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.