Невреме од трета категорија ја погоди Куба принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат, додека стотици илјади жители останаа без струја. Во невремето има и две загинати лица.

Жителите на брегот на Мексиканскиот Залив на Флорида бегаат додека ураганот Ијан се упатува кон Флорида со ветер со брзина од 200 километри на час. Се очекуваат високи бранови, поплави и силни ветрови.

Шефот на кубанската енергетика изјави дека целосното помрачување на островот се случило како резултат на распадот на националниот електричен систем, што оставило 11 милиони луѓе во темница.

Електричната мрежа низ земјата е падната 100 отсто, зашто термоелектрената ‘Антонио Гвитерас‘ не можела да се синхронизира, објави државната телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.