Пукање на свадба рано утрово ја потресе Франција.
Едно лице загина, а пет се повредени, јави телевизијата Франс инфо, повикувајќи се на истражителите.
Еден млад човек загина, а петмина се повредени, од кои некои се во критична состојба. Бремената жена била полесно повредена и била во шок, објави локалниот весник Le Républicain Lorrain.
Кога пристигнала брзата помош, напаѓачите веќе побегнале.
Околу 100 луѓе славеле во свадбена сала во градот Тионвил, во регионот на Лорен, во близина на германско-луксембуршката граница, кога тројца маскирани напаѓачи отвориле оган со две автоматски пушки и сачмарка, пишува France Info.
Напаѓачите пристигнале со теренско возило околу 1 часот по полноќ и прво застрелале три лица пред салата за танцување, каде припадниците на турската заедница славеле свадба, се вели во соопштението.
Мотивот за нападот не е јасен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.