Италијанскиот министер за одбрана, Гидо Крозето, во интервју за римскиот дневен весник „Република“, изјави дека никогаш нема да бидат распоредени италијански војници во Украина.

Изјавата на италијанскиот министер за одбрана дојде како коментар на пораката на францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно изјави дека „може да дојде време кога француските војници ќе бидат испратени и во Украина“.

Западот треба да избегнува изјави кои привлекуваат прекумерно внимание, на пр. испраќање војници на НАТО во Украина, само за да остави добар впечаток во домашната јавност“, вели Крозето во интервјуто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.