Шефот на регионалната национално-културна автономија на Кримските Татари, Ејваз Умеров, апелираше до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да изврши влијание врз Киев за признавање на рускиот статус на Крим.
Ја цениме желбата на Ердоган да ги организира сите услови за преговарачкиот процес меѓу Русија и Украина, но сето тоа пропаѓа без вистинска желба на сегашните власти во Киев да го прекинат конфликтот и да го вратат мирот во Украина. Го повикуваме турскиот претседател да влијание врз украинскиот режим. Тоа ќе биде една од гаранциите за враќање на ситуацијата во Украина на мирен колосек – порача Умеров.
Тој додава дека турскиот лидер има можност да влезе во историјата како шеф на државата, кој, за разлика од неговите западни колеги, ги почитува демократските вредности и волјата на другите народи.
Кримските Татари живеат на руски Крим и ќе му бидат благодарни на Ердоган ако го слуша нивниот глас, а не на екстремистите и радикалите од Украина – нагласува Умаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.