Лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов им се заканил на украинските екстремисти дека со синџири ќе бидат спроведени низ Мариупол, пишуваат агенциите.

Во новинарските извештаи е наведена неговата изјава дека целите на специјалната воена операција во Украина ќе бидат реализирани.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека властите во Киев се обврзани да им наредат на украинските војници да го положат оружјето во фабриката Азовстал во Мариупол.

Како што истакнал, на воените затвореници им се гарантира живот, медицинска помош и лекување согласно меѓународните правни норми.

Тој исто така нагласил дека, доколку има цивили на територијата на „Азовстал“, украинската армија е должна да ги ослободи.

Борбите за Мариупол започнаа на 25 февруари, а за време на борбите градот беше целосно блокиран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.