Кремљ денеска ги осуди коментарите на лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински, кој изјави дека Варшава ќе биде отворена за инсталирање американско нуклеарно оружје на своја територија и го поздрави зголемувањето на бројот на американски војници во Европа за 50 отсто.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков оцени дека таквиот потег само ќе доведе до зголемени тензии.
Јарослав Качински, кој ја предводи Партијата на правото и правдата (ПиС), во текот на викендот изјави дека Полска ќе биде отворена за стационирање нуклеарно оружје на нејзина територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.