Германската влада ги предупреди граѓаните со руско потекло во Германија да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ. Владата ги повика граѓаните со руско потекло да се информираат од независни извори за војната во Украина.

Никој не треба да верува во кампањата за дезинформации на руските државни медиуми, кои известуваат цинично и со презир кон жртвите – изјави владиниот портпарол Волфганг Бихнер.

Тој ги повика граѓаните со руско потекло сеопфатно да се информираат преку различни национални и меѓународни медиуми. Апелот дојде откако вчера во Берлин се одржа протест со автомобили, на кој околу 900 луѓе демонстрираа против медиумската кампања против Русија и нејзините граѓани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.